Дончиќ и повреден е незадржлив во НБА (Видео)

Лука Дончиќ само по еден меч пауза поради повреда на ногата, се врати на теренот во НБА и повторно беше незадржлив. Тинејџерот го предводеше Далас до триумф во дуелот против Портланд од 111:102. Дончиќ беше најефикасен играч во победничкиот тим и постигна 21 поен, од кои дури 14 беа во второто полувреме. На Лука му недостасуваше само еден скок за да има дабл-дабл, а запиша и три асистенции.

Пред почетокот на мечот, Дончиќ ја доби наградата за најдобар дебитант на Западот за ноември. „Многу ми значи оваа награда. Тоа ми е мотивација да продолжам да работам уште понапорно и да се борам да го направам тоа за коешто знам дека можам да го постигнам. Имам уште многу да ѝ покажам на НБА“, рече Дончиќ.

Лука веќе го доби и прекарот Малиот Леброн поради начинот на неговата игра и немоќта на противниците да го сопрат.

Резултати: Индијана – Чикаго 96:90, Мајами – Орландо 90:105, Далас – Портланд 111:102, Феникс – Сакраменто 105:122, Јута – Сан Антонио 139:105.

- Оглас -

Најнови вести