Дончиќ им предлага на Американците на полувреме на олстарот да пее – Цеца! (Видео)

Лука Дончиќ освен што е еден од најдобрите кошаркари на светот, познат е и по тоа што ја сака балканската музика. Често на загревањето пред мечевите на Далас маверикс може да се слушне некоја ексју песна, а Словенецот и за време на олстарот во НБА го потврди тоа.

Американските новинари ги интересираше кој пејач или пејачка би сакал Лука да пее на полувреме на олстарот.

„Од американските пејачи?“, праша Дончиќ, по што следуваше поконкретно објаснување дека не мора да биде американски изведувач, туку општо од целиот свет.

„Веројатно не ја знаете, Цеца“, рече Лука.

https://www.tiktok.com/@bajaapapaja/video/7201918499843837190?embed_source=121331973%2C71011723%2C120811592%2C120810756%3Bnull%3Bembed_masking&refer=embed&referer_url=sportsport.ba%2Fkosarka%2Fluka-doncic-all-star-pjesma-ceca%2F444720&referer_video_id=7201918499843837190

- Оглас -

Најнови вести