Дончиќ имаше трипл-дабл на меч на кој даде преку 40 поени

Далас маверикс славеше над портланд треил блејзерс со 117:112, во меч на кој разбирливо најдобар на теренот беше Лука Дончиќ. Словенецот беше незадржлив и на крајот заврши со 42 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Дончиќ сезонава ја започна со девет меча на кои имаше 30+ поени, што е втора најдолга таква низа од почеток на едно првенство во историјата. Подолга низа со 30+ поени на старт на сезона имал само Вилт Чемберлејн со 23 средби едно по друго со 30+ поени.

По деветте меча со 30+ поени, потоа Дончиќ беше сопиран на 24 поени против Орландо и 22 поени во дуелот со Вашингтон, за сега повторно да блесне. За Лука ова беше четврти трипл-дабл на кој има 40+ поени и се доближува до постигнувањет на Леброн Џејмс кој има шест такви трипл-дабл меча. Рекордер по бројот на трипл-дабл дуели со 40+ поени е Оскар Робертсон кој имал 22 такви натпревари.

Резултати од мечевите кои се играа ноќеска во НБА лигата: ЛА Клиперс – Бруклин 95:110, Вашингтон – Јута 121:112, Детроит – Бостон 108:117, Индијана – Торонто 108:104, Филаделфија – Атланта 121:109, Мајами – Шарлот 132:115, Њу Орлеанс – Хјустон 119:106.

 

- Оглас -

Најнови вести