Дончиќ исполни уште еден критериум за да го потпише најбогатиот договор во историјата на НБА лигата

Лука Дончиќ синоќа блесна против Хјустон и со 47 поени и 12 асистенции го предовдеше Далас до нова победа. За Словенецот ова беше 65 меч сезонава и со тоа го исполни новиот услов од НБА за добивање на одредени бенефиции.

До крајот на сезоната, Дончиќ треба да биде избран во една од првите три петорки во лигата, што несомнено ќе се случи, а со тоа и ќе се исполнат сите услови за Словенецот да може да потпише „Супермакс“ договор во летото 2025 година.

Со тој договор што несомнено ќе биде потпишан, Дончиќ треба да стане првиот кошаркар во историјата што ќе ја надмине бариерата од 80 милиони долари по сезона.

„Супермакс“ договор може да потпишат играчи кои имаат барем седум години НБА искуство, но и да исполнува одредени услови како учество на ол-стар мечеви, да биде во најдобрите постави на лигата и да биде константен во сезоната одигрувајќи барем 65 средби. Дончиќ ги исполни сите овие услови и сега се очекува само потпишување на историскиот договор.

Според плановите, Дончиќ би го продолжил договорот со Далас на уште пет сезони во кои вкупно ќе заработи 346 милиони долари. Тоа се 69,2 милиони долари по сезона, но со оглед на тоа дека секоја година платата се зголемува, во последната сезона од тој нов договор, сумата би достигнала над 80 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести