Дончиќ конечно покажа дека не е машина

Лос Анџелес клиперс е тимот кој успеа да го сопре налетот на Лука Дончиќ. Словенецот кој во првите 16 меча од сезoната имаше речиси трипл-дабл учинок во просек, овојпат одигра под своето ниво. Далас на свој терен загуби од ЛА клиперс со 99:114, а Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, осум скока, шест асистенции и три украдени топки. Повторно беше најдобар поентер и асистент во својот тим, но сепак, тоа е под неговиот просек, а имаше и очаен шут погодувајќи само 4 од 14 удари од поле.

Кај Клиперс, најефикасен беше Кавај Ленард со 28 поени и осум скока, Пол Џорџ додаде 26 поени, а Лу Вилијамс заврши со 21 поен и по шест скока и исто толку асистенции.

Во вториот меч кој се одигра утрово, Денвер не дозволи изненадување и со 117:104 го победи Вашингтон. За Денвер ова е шести триумф во низа, односно 10-та радост во последните 11 меча, па сега е на второто место во Западната конференција, веднаш зад Лос Аннџелес лејкерс.

 

- Оглас -

Најнови вести