Дончиќ му се смееше на тренерот на Чикаго, но на крајот Словенецот беше тој што „плачеше“ (Видео)

Далас маверикс загуби на гостувањето кај Чикаго булс во меч кој се решаваше во последните секунди. На крајот, Биковите победија со 109:107 откако Лука Дончиќ го имаше последниот шут и утна удар за тројка. Според многумина, Словенецот го стигна кармата, односно „му се врати“ затоа што во текот на втората четвртина му фати сеир на тренерот на Чикаго.

Стратегот на Биковите, Џим Боулен се најде во центарот на вниманието во втората четвртина кога при еден напад на домаќините, изненадувачки побара тајмаут. Овој потег на домашниот тренер беше збунувачки затоа што неговиот тим беше во акција и беше очигледно дека ќе заврши со лесни поени.

Откако го повика тајмаутот, поените на Чикаго не беа признати, а Дончиќ започна да се смее поради овој неочекуван потег на домашниот тренер.

Сепак, на крајот се покажа како точна оваа народната поговорка „Кој последен се смее, најслатко се смее“, затоа што Дончиќ во последниот напад утна шут за победа на Далас, па Чикаго и тренерот Боулен се радуваа на триумф. Факт е дека Словенецот шутираше од многу тешка позиција, од половина терен со противнички играч покрај него, но на крајот најважно е дека Чикаго се радуваше на победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести