Дончиќ на натпревар пристигна со хит маичка: Се што ми треба е суво месо и ракија (Фото)

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, пријатно ги изненади фановите од Балканот пред натпреварот на неговиот тим против Шарлот хорнетс.

Словенечкиот кошаркар на средбата пристигна облечен во фармерки и маичка на која пишуваше „Се што ми е треба е суво месо и ракија“.

Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи 34 поени, а имаше и 10 скока и осум асистенции, но неговиот тим загуби од вториот најслаб тим во НБА-лигата и си ги закомпликува шансите да обезбеди пласман во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести