Дончиќ не може да го води Далас кон победи додека неговите соиграчи фрлаат „цигли“ (ФОТО)

На Далас маверикс му се заканува „метла“ во финалето на Западната конференција од Голден Стејт ворирорс.

Лука Дончиќ како што пишавме утринава, сам го носи својот тим во оваа серија, но за да се дојде до победа над „воините“ потребна му е и поддршка од соиграчите, кои што фрлаат „цигли“.

Реџи Булок на последната средба забележа нула поени а имаше дури 10 упатени удари, од кои што седум беа за три поени.

За споредба, доколку три удари за три поени беа прецизни, тогаш Далас ќе обезбедеше продолженија. Нешто слично беше и со Максимилијан Клебер кој што имаше нула од пет обиди на оваа средба а сите три беа шутеви за тројка. Навистина лоши податоци за кошаркари кои што имаат милионски договори по сезона.

- Оглас -

Најнови вести