Дончиќ не можеше да верува, но беше немоќен да помогне да не се случи чудо (Видео)

Торонто славеше со 110:107 против Далас во еден од најневеројатните мечеви кои се одиграа сезонава во НБА-лигата. Рептилите речиси во целиот меч беа во подредена улога, но на крајот се радуваа.

По првата четвртина, Торонто имаше три поени предност, но потоа следуваше шоу на гостите. Далас иако играше без повредениот Лука Дончиќ, втората четвртина ја доби со 34:22, па на полувреме гостите водеа со девет поени предност. Маверикс продолжи со одличната игра и во третиот период, па на двапати гостите водеа и со 30 поени предност (81:51 и 85:55).

Во пресрет на последната четвртина, Далас имаше 23 поени предност (86:63), а Торонто тогаш како да сакаше да ја покаже силата на шампионот. Со неверојатна игра во последните 12 минути, Торонто направи голем пресврт. Стигнаа до 95:95, а во последните минути, кога се решаваше победникот, не ја пропуштија можноста за еден од најголемите пресврти.

Кајл Ловри со 30 поени ги предводеше Рептилите, додека најефикасен кај гостите беше Брунсон со 21 поен

https://youtu.be/Xpb9PVEjZBc

За првпат сезонава не играше ни Леброн Џејмс. Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс се жали на поситна повреда, но лекарите решија дека треба да го пропушти дуелот против Денвер. Во отсуство на Џејмс, Денвер покажа дека е доминантен и славеше во „Стејпл центарот“ со 128:104.

Тимот со најдобар скор сезонава, Милвоки бакс, без поголеми проблеми стигна до нов триумф. Милвоки на свој терен со 117:89 ја победи Индијана. Четврта победа по ред забележа и Оклахома откако со 118:112 ги победи ЛА клиперс. На победа на домашен терен се радуваше и Бостон против Шарлот со 119:93.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести