Бостон селтикс е прв финалист во источната конференција на НБА-лигата откако со триумфот над Кливленд кавалирс од 113-98, со вкупни 4-1 во победи го елиминира Кливленд кавалирс. На Западот, Далас маверикс поведе со 3-2 против Оклахма сити тандер откако како гостин победи со 104-92.
Тимот од Бостон трета сезона по ред и шести пат во последните осум години ќе игра конференциско финале. Рано утрово, Џејсон Тејтум со 25 поени, 10 скока и девет асистенции, и ветеранот Ал Хорфорд со 22 поени, 15 скока и три блокади беа предводници на Селтикс. Работата на Бостон му беше олеснета со неиграњето на Донован Мичел, кој поради повреда не играше ни на четвртиот меч, а ги немаше ни Џерет Ален и Керис Леверт. Иван Мобли со 33 поени беше прв стрелец на Коњаниците.
Лука Дончиќ испорача трипл-дабл со 31 поен, 11 асистенции и 10 скока за важна победа на Дивите телиња, со која дојдоа на чекор од западното финале. Шај Гилџиус-Александер беше најефикасен во поразениот тим со 30 поени.
Победата на Далас му ја донесе одличната одбрана. Ова е блокадата на Дончиќ која го одлучи победникот и ги откажа домашните од обид да направат пресврт во финишот.
https://twitter.com/i/status/1790953083083579431