Дончиќ одигра одличен меч, но Далас дома загуби од Кливленд, кој играше без тројцата најдобри (Видео)

Лука Дончиќ уште еднаш одигра натпревар со многу поени и на крајот застана на бројката 39, што на крајот не беше доволно, па неговиот Далас маверикс на домашен терен загуби од Кливленд со 110:113. Овој пораз на Далас е дополнително изненадувачки затоа што Кливленд беше значително ослабен, без играње на тројцата најдобри кошаркари, Донован Мичел, Еван Мобли и Дариус Гарланд кои беа повредени.

Во отсуство на најдобрите тројца, кај Кливленд прв стрелец беше Карис Леверт со 29 поени, а одличен беше и Џерет Ален со 24 поени и 23 скока.

Далас водеше со 15 разлика на полувремето, а на неколку минути пред крајот беше 101:91 за домаќините. Сепак, во финишот Кливленд со серија од 15:0, стигна до 111:105 и успеа nа крајот да ја сочува предноста и да победи.

Во останатите мечеви од НБА-лигата: Орландо – Филаделфија 92:112, Вашингтон – Торонто 102:132, Бруклин – Милвоки 122:144, Хјустон – Феникс 113:129 и Оклахома – Њујорк 129:120.

- Оглас -

Најнови вести