Дончиќ потпиша историски договор со Далас, ќе добие 207 милиони долари за пет години

Лука Дончиќ ја прифатри понудата на раководството на Далас маверикс за продолжување на договорот и ќе заработи 207 милиони долари во следните пет сезони, сметајќи од 2022 година.

Делегацијата на Маверикс составена од сопственикот Марк Кјубан, потоа и од советникот Дирк Новицки, тренерот Џејсон Кид и Генералниот менаџер Ник Харис успешно ја заврши мисијата за која вчера допатуваа во Љубљана.

Дончиќ единствен во историјата на НБА лигата доби дозвола да го продолжи дебитантскиот договор за максимална сума од 207 милиони долари, според таканаречената „Руки супермакс екстензија“, односно продолжување на првиот договор што го има потпишано за НБА тим во износ од 35 проценти од дозволениот лимит, односно Селари кап.

Тоа е дозволено поради неговиот избор во најдобрите петорки во НБА во двете сезони што ги одигра за Далас маверикс.

„Денеска ми се оствари сонот. Почестен сум што ќе останам во Далас како член на Маверикс. Кошарката ми дава толку многу и искрено сум возбуден и среќен“, изјави Дончиќ.

Договорот ќе важи од сезоната 2022/23, а е потпишан според формулата 4+1. Првите четири години Дончиќ сигурно ќе игра за Далас, а потоа може сам да одлучи дали ќе ја игра и последната сезона за Маверикс.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести