Лука Дончиќ по 20-ти пат во кариерата успеа да постигне 40 поени на натпревар во НБА-лигата со што се израмни со легендата на Далас, Дирк Новицки.
Новата фантастичната партија на Дончиќ му помогна на Далас да ја прекине серијата од четири порази и да ги победи Голден стејт вориорс со 116:113 откако Клеј Томпсон во последната секунда го промаши шутот за три поени со кој можеше да го однесе натпреварот во продолжението.
https://twitter.com/NBA/status/1597792492505960448?s=20&t=y_7-HX0IU-_LzRe5IO8Ihg
Дончиќ покрај тоа што постигна 41 поен, успеа да оствари трипл-дабл, кој е негов 40-ти во кариерата, и тоа со 12 скока и 12 асистенции.
Покрај Дончиќ, одлична партија одигра и Тим Хардавеј јуниор, кој постигна 22 поени. Кај Голден стејт се истакна Стеф Кари со 32 постигнати поени.
ЛА клиперс ја забележа втората победа по ред откако со 118:112 славеше на гостувањето кај Портланд.
Клиперси ги предводеа Норман Пауел со 32 и Реџи Џексон со 24 поени, а кај Портланд најдобри беа Енферни Симонс со 37 и Џереми Грант со 32, додека Јусуф Нуркиќ имаше 13 поени, 10 скока и седум асистенции.
Њујорк никс со убедливи 140:110 го победи Детроит пистонс. Џулиус Рендл со 36 поени го предводеше Њујорк до 10-тата победа сезонава, додека кај Детроит се истакна Ајзеа Стјуарт со 19 постигнати поени.