Дончиќ реди 40-ки и рекорди во Далас, ама му се заканува метла од Голден стејт (Видео)

Голден стејт вориорс водат со 3:0 во победи против Далас маверикс и се на чекор до шесттото НБА финале во последните 8 сезони.

Предводени од Стефон Кари, кој постигна 31 поен со 11 асистенции и пет скока, Воините победија со 109:100 во првиот меч на гости кај Далас и се на само една победа до популарната метла и до големото НБА финале.

Лука Дончиќ се обиде да им се спротивстави на гостите, постигна 40 поени, со 11 скока, но и покрај рекордот повторно сизамина од пакетот со пораз.

Словенецот ја крена атмосферата на трибините со тројка со звукот на сирената во првиот период, ги држеше конците на играта на Далас до полувремето, но лошата трета четвртина беше клучна за третиот пораз.

https://twitter.com/NBA/status/1528549280386097152?s=20&t=dEf75H-n20wP162VR-DFgw

Дончиќ и на претходниот меч со Голден стејт имаше 40+ поени, ова му е осми пат во плејофот да ја минува таа граница со што стана клупски рекордер на Далас.

Динвиди даде 26 поени, Брансон уфрли 20 и Далас сепак ќе мора да се бори да избегне експресна елиминација во следниот меч што повторно ќе го игра дома.

Ендрју Вигинс беше извонреден кај гостите, постигна 27 поени со 11 скока и го имаше најатрактивниот потег на мечот.

Во последниот период на исклучително атрактивен начин го залепи Лука Дончиќ со популарниот постер, забивајќи преку Словенецот на фантастичен начин.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1528576808932634625?s=20&t=dEf75H-n20wP162VR-DFgw

- Оглас -

Најнови вести