Дончиќ сакаше да се тепа со дебитант во НБА (Видео)

Лука Дончиќ покажа дека ќе биде вистински предводник на теренот на Далас и во оваа сезона откако беше најефикасен во победата против Лос Анџелес клиперс од 108:87. Сепак, Дончиќ мораше предвреме да го напушти теренот и тоа поради обидот да се тепа со Теренс Мен.

Во една акција на Далас, судиите досудија дека Дончиќ направил чекори, а Мен ја удри топката која уште беше во рацете на Словенецот. Тогаш Дончиќ се налути и тргна да се тепа, но ништо покус не остана ниту дебитантот на ЛА клиперс. На крајот Дончиќ беше исклучен.

- Оглас -

Најнови вести