Дончиќ: Се тресев кога седев до него, не знаев што да го прашам (Фото)

НБА-ѕвездата Лука Дончиќ како поранешен кошаркар на Реал Мадрид, очекувано изјави дека омилен фудбалски тим му е Реал, а омилен фудбалер му е Кристијано Роналдо, кој сега е во Јувентус.

„Секогаш бев фан на Реал, ги гледав мечевите во Мадрид. Омилен играч ми беше Кристијано Роналдо. Тој кога дојде во Мадрид, јас имав 13 години. Еднаш на божиќна вечера на која доаѓаат сите фудбалери и кошаркари, седев на иста маса со него. Имав 16 години и имав трема. Толку се блокирав што не успеав ниту да го прашам нешто. Сакав да возам некој од неговите автомобили, тој има неверојатна колекција. И јас обожувам коли“, вели Словенецот кој сега има 21 година.

- Оглас -

Најнови вести