Дончиќ си го кинеше дресот од мака и фрустрираност (Видео)

Лос Анџелес лејкерс извојува убедлива победа против Далас маверикс од 129-114, Леброн Џејмс (35 п.,16 ск.) и Кајл Кузма (24 п.) одиграа одлично и направија да не се почувствува отсуството на Ентони Дејвис. Езерџиите беа доминатни во првото полувреме во кои уфрлија дури 79 поени, па во еден момент гостинската ѕвезда Лука Дончиќ, беше толку лут, што си го скина дресот откако во првото полувреме утна пет слободни фрлања.

Во Далас имаа забелешки на судењето, се жалеа дека се толерира груба игра врз Дончиќ. На младиот Словенец му се собираше гневот, и во еден момент реши да пoстапи во стилот на кечерот Хулк Хоган, и си го скина дресот.

https://twitter.com/i/status/1215846806699106304

- Оглас -

Најнови вести