Дончиќ со 40-ка, но Далас се оддалечува од плејофот!

Шарлот хорнетс го совлада Далас маверикс со 110-104 во првиот вечерашен меч во НБА лигата.

За Дивите телиња од Тексас ова е четврти пораз по ред, па сега паднаа на 11-то место на табелата во Западната конференција, и загрозено им е местото и во плејин, а плејофот е релативно далеку во моментов.

Лука Дончиќ кој после претходниот меч даде драматична изјава дека има приватни проблеми и дека не ужива во играњето кошарка, вечерва против Стршените уфрли 40 поени, имаше и 12 скока и 8 асистенции, но изостана поголема поддршка од соиграчите Кајри Ирвинг даде скромни 18 поени.

Шарлот е претпоследен на Истокот, но има три победи на последните четири меча.

- Оглас -

Најнови вести