Дончиќ со нова неверојатна партија надмина две НБА-легенди, Јокиќ го промаши шутот за победа (Видео)

Утринава беа одиграни 10 натпревари во НБА-лигата, а главна тема е Лука Дончиќ кој одигра неверојатно. Словенечкиот кошаркар во победата на неговиот Далас маверикс од 131:120 над Портланд, оствари трипл-дабл од 40 поени, 12 скока и 10 асистенции и претекна две кошаркарски легенди.

 

Дончиќ го надмина легендарниот Вилт Чембрлен на листата на играчи со највеќе трипл-дабл учиноци на кои се постигнати најмалку 40 поени. Ова беше негов осум ваков меч и пред него се само Оскар Робертсон со 22 меча, Џејмс Харден со 16 и Расел Вестбрук со 13.

Тој исто така го собори рекордот на Дирк Новицки по бројот на натпревари на кои дава најмалку 35 поени. Ова му беше 78-ми ваков меч.

Во дербито на Западната конференција, шампионот Денвер нагетс загуби со 117:118 од Оклахома сити тандерс, а трагичар на мечот беше Никола Јокиќ. Центарот на десет секунди до крајот на мечот при резултат 117:116 за Денвер, имаше шут за победа, но не успеа да погоди. Во последната секунда од мечот, Шеј Гилџес-Александер погоди за победа на Оклахома сити.

https://twitter.com/i/status/1736242023303205001

 

Резултати: Милвоки – Детроит 146:114, Шарлот – Филаделфија 82:135, Кливленд – Атланта 127:119, Мајами – Чикаго 118:116, Минесота – Индијана 127:109, Голден Стејт – Бруклин 124:120, Денвер – Оклахома сити 117:118, Портланд – Далас 120:131, Сакраменто – Јута 125:104, ЛА Клиперс – Њујорк 144:122.

- Оглас -

Најнови вести