Дончиќ со трипл-дабл го доби шоуто против Јокиќ во меч кој беше драма со последна секунда (Видео)

Далас маверикс како гостин славеше против Денвер нагетс со 116:115 во највозбудливиот меч одигран утрово во НБА лигата. Освен што беше меч кој беше решен буквално во последниот напад, ова беше и пресметка на двете најголеми балкански кошаркарски ѕвезди, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Иако Јокиќ играше на домашен терен, Србинот остана засенет од шоуто кое го приреди Дончиќ. Словенецот заврши со трипл-дабл, вкупно 52-ри во кариерата, а на крајот имаше 22 поени, 10 скока и 12 асистенции. На другата страна, Јокиќ заврши со 19 поени, осум скока и осум асистенции.

Освен двете балкански ѕвезди, на теренот блесна и Хардевеј кој беше прв стрелец на мечот со 29 поени.

И во останатите два меча, екипите кои победуваа, постигнуваа по 116 поени. Кливленд славеше над Лос Анџелес лејкерс со 116:102, додека Детроит на гости беше подобар од Мајами со 116:96.

- Оглас -

Најнови вести