Дончиќ стигна уште еден рекорд на Леброн, но Ленард му покажа кој е вистинскиот МВП

Каваj Ленард ја доби битката на двете НБА ѕвезди против Лука Дончиќ бидејќи Лос Анџелес клиперс успеа да победи на гости кај Далас со 110:107 во единствениот меч кој ноќеска се играше во најсилната кошаркарска лига во светот. Гостите од Лос Анџелес покажаа дека се во одлична форма и сега имаат осум победи во последните 10 меча.

По израмнетата прва четвртина кога беше 24:24, Клиперс во втората четвртина со серија од 11:0 за првпат дојдоа до двоцифрена предност од 49:39. Водството на гостите беше сè до средината на последната четвртина, кога Далас успеа да поведе со 92:90, а потоа и со 98:97. Сепак, во решавачките моменти следуваше нова низа на ЛА клиперс од 11:2 за предност од 108:100, а Далас немаше сила за уште едно враќање.

Ленард, МВП на финалето од минатата сезона, беше предводник на гостите со 36 поени, 11 скока и две асистенции. И на спротивната страна, Дончиќ заврши со 36 поени, а имаше и 10 скока и 9 асистенции, но сепак Словенецот не успеа да донесе радост за домашните фанови. Утеха за Дончиќ е тоа што за него ова беше 16-ти меч на којшто дава над 30 поени, а има и 10+ скока, па се израмни со рекордот на Леброн Џејмс кога се работи за кошаркари со вакви бројки пред да наполнат 21 година.

- Оглас -

Најнови вести