Дончиќ во три периоди му одржа час по кошарка на Кари (видео)

Лука Дончиќ приреди уште една брилијантна партија во убедливата гостинска победа на Далас со 133:103 против Голден стејт. Словенечката ѕвезда во три периоди реализира 39 поени, од кои дури 23 ги постигна во третиот период, по што си ја заврши работата за својата екипа и сосема заслужено ги проследи од клупа последните 12 минути од мечот.

Иако му се спротивстави на Стеф Кари, далеку поискусниот и можеби најдобриот шутер во историјата на НБА, Дончиќ воопшто не беше импресиониран од величината на Стеф, па му одржа час по кошарка.

Во нецели 29 минути поминати на паркетот, Дончиќ беше блиску до троен учинок, застана на 8 асистенции и 6 скока, притоа шутираше 4/10 за три поени. На другата страна, Кари не можеше да му парира со 27 поени, па Воините не можеа да го избегнат 31-виот пораз по 62 натпревари во регуларниот дел.

Останати резултати НБА:

Бостон 115:119 Оклахома, Шарлот 104:114 Милвоки, Индијана 112:133 Портланд, Торонто 103:116 Бруклин, Хјустон 107:114 Минесота.

- Оглас -

Најнови вести