Дополнителна пауза за Маркес

Иако првичните најави беа дека Марк Маркес наскоро ќе се врати на патеките, скршеницата на ракта прави проблеми за што ќе биде потребно подолг период на рехабилитација.

Најмалку два до три месеци ќе паузира светскиот првак во Мото ГП, откако се повреди уште во првата трка на стартот од новата сезона.

Во Хонда одбија да постават рок кога Маркес би се вратил на патеките бидејќи нема потреба за форсирање, а по неколку консултации со специјалисти одлучено е да не се брза враќањето на шпанскиот возач.

- Оглас -

Најнови вести