Дортмунд го позајми бразилскиот талент од Реал Мадрид

Борусија Дортмунд го официјализираше ангажманот на Рејниер од Реал Мадрид. Талентираниот бразилски играч за врска во следните две сезони ќе се развива на „Сигнал Идуна парк“ како позајмен играч.

Рејниер пристигна во Мадрид во јануарскиот преоден рок за сума од 30 милиони евра напуштајќи го Фламенго. Кралевите го прекомандуваа во Кастилја, за кои во три меча постигна два и намести еден гол.

„Среќен сум што добив прилика да се развијам како играч во клуб каков што е Дортмунд. Тука се дава доверба на младите играчи и се работи на нивен напредок, затоа посакувам да го искористам времето поминато тука за да ја подобрам мојата игра. Се надевам на многу среќни моменти со новите соиграчи“, истакна Рејниер за официјалната веб-страница на Милионерите.

- Оглас -

Најнови вести