Дортмунд им се врати на победите, Санчо со хет-трик се приклучи на протестите за брутално убиениот Флојд (видео)

Борусија Дортмунд го заборави поразот од Баерн Минхен во дербито од минатиов вторник, па со убедливи 6-1 славеше на гостување кај Падерборн. Милионерите со мала задршка стигнаа до трите вода, откако избраниците на Лусиен Фавр сите четири гола ги постигнаа во вториот дел.

Азар ја започна голеадата во 54-тата минута на која се приклучија Хакими и Шмелцер, а ја заврши Ханчо комплетирајќи го хет-трикот во 91-та минута. Младиот англиски офанзивец беше најистурен во нападот на гостите во отсуство на повредениот Халанд, па успеа да ги искористи трите добри прилики во полза на неговиот тим. Откако зголеми на 2-0 во 57-та минута, го соблече дресот за да го прослави голот, а на маицата носеше порака „Правда за Џорџ Флојд“.

Исто како Маркус Турам претходно денес, протестираше и Анличанецот за смртта на Џорџ, црномурестиот американски државјанин кој беше убиен од страна на полицијата среде улица.

 

https://twitter.com/PuntoPenalOf/status/1267143625064026113

https://twitter.com/PuntoPenalOf/status/1267147792713158656

- Оглас -

Најнови вести