Дортмунд ќе мора да ги подели милионите од трансферот на Санчо

Џејдон Санчо по Европското првенство ќе се појави на „Олд трафорд“ како долго очекуваното големо засилување на Манчестер јунајтед.

Младиот англиски офанзивец ќе биде трето најскапо засилување на Црвените ѓаволи и воедно меѓу најплатените играчи во екипата на Оле Гунар Солскјер, но Борусија Дортмунд нема да ја земе целата договорена сума од 73 милиони фунти. Дел од колачот ќе подели на Манчестер сити и Ватфорд поради клаузули ставени во претходните трансфери на Санчо.

Имено, повратникот во Премиер лигата ќе инкасира два милиони фунти од трансферот на својот производ од фудбалската школа, додека на англискиот првак му следуваат 10 милиони фунти, клаузула која Сити ја стави кога го продаваше Санчо во Бундеслигата.

Како и да е, Милионерите ќе ја наполнат касата иако со сите сили се обидуваа да го задржат Санчо на барем уште една сезона, а останува прашањето дали следува егзодус на „Сигнал Идуна парк“, односно дали Халанд ќе биде следниот кој ќе го напушти Дортмунд за исто така мултимилионски трансфер.

- Оглас -

Најнови вести