Дортмунд остана без Халанд

Ерлинг Халанд ќе го пропушти гостувањето кај Падерборн во недела, во пресрет на 29-тото коло во Бундеслигата. Голгетерот на Борусија Дортмунд се здоби со повреда на коленото во дербито против Баерн Минхен откако се судри со судијата Тобајас Стилер.

Халанд не можеше да ги доигра преостанатите дваесетина минути од Дер Класикер во кое Милионерите загубија со 0-1, а според германските медиуми, му следува пауза од неколку дена.

За Дортмунд е добро што нема долго да биде без услугите на норвешката гол-машина, но Февр ќе мора да се потрпе на алтернативите во нападот за да се освојат трите бода против Падерборн. Дуелот е закажан за недела, во 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести