Дортмунд со „четворка“ ги заврши претсезонските подготовки

Борусија Дортмунд запиша рутинска победа од 4-0 против германскиот третолигаш Мунстер. За Милионерите ова беше последен контролен натпревар во пресрет на новата сезона, па може да се каже дека избраниците на Лусиен Фавр се подготвени повторно да се борат за титулата во Бундеслигата.

Погодокот на младиот Балерди во 24-тата минута беше единствен во првото полувреме, а потоа Загаду ја затресе мрежата, за конечните 4-0 да ги постави Марио Геце со два гола за две минути.

Германскиот вицепрвак следниот викенд стартува со обврските во Бундеслигата, а на „Сигнал Идуна парк“ гостува Аузбург во рамки од првото коло.

- Оглас -

Најнови вести