Дортмунд цели на двојна круна

Борусија Дортмунд – Вердер Бремен (20:45 часот)

„Милионерите“ првпат во 2019 година кикснаа во домашното првенство, викендот ремизираа со Ајтрахт при конечни 1-1. Но, и натаму се убедливи лидери на табелата, а сега имаат шанса да бидат чекор поблиску до двојна круна. На домашен терен го пречекуваат тимот на Вердер Бремен во осминафиналето на Германскиот куп.

Дуелите на Дортмунд и Вердер речиси редовно завршуваат со три или повеќе гола, во последните пет меѓусебни средби само еднаш одиграа 1-1. Вердер лани приреди изненадување на „Сигнал Идуна парк“ со 2-1, но како што играат фудбалерите на Луцијан Фавр сезонава, речиси е невозможно да се случи таков исход.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (1.90) – квота на денот во Sport life

 

Хамбургер – Нирнберг (18:30 часот)

Хамбургер и Нирнберг цели пет години немаа одиграно меѓусебен дуел, а сето тоа денес ќе се смени во борбата за пласман во четврт-финалето од Германскиот куп.  Домаќините во улога на фаворити не би требало да имаат проблеми со втората најслаба екипа од Бундеслигата. Од Нирнберг загубиле само еднаш во последните шест меѓусебни средби, а Хамбургер речиси редовно им ја тресе мрежата во повеќе наврати.

Предлог тип 1X & 2-4 (2.10) – квота на денот во Sport life

 

Марсеј – Бордо (19 часот)

Нема крај за проблемите на Марсеј. Два последователни порази од Лил и Ремс, вкупно девет во Лига 1, па не му се пишува добро на Руди Гарсија. Но, вечерва играат против екипа од која немаат претрпено пораз од 2015 година. Против Бордо ќе се обидат да останат непоразени и по седум меча во низа, но со „жирондинците“ редовно се мачат и не можат да постигнат повеќе од два гола. Доколку остварат позитивен резултат, за Марсеј ќе биде 10-та победа во шампионат, па така ќе ги вратат надежите дека можат да обезбедат место кое води во Лигата на Европа, бидејќи со ваква форма Лигата на шампионите е недостижна цел.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.15) – квота на денот во Sport life

 

KПР – Портсмут (20:45 часот)

Цели осум години Квинс парк ренџерс и Портсмут се разминуваа низ лигите и куповите во Англија, а оваа година ФА купот ги спои да се надигруваат. Првиот дуел на терен од Портсмут заврши со резултат од 1-1, па овој непланиран реванш ќе одлучи кој ќе биде противник на Ватфорд во осминафиналето.

Домашниот терен ги прави ренџерите да бидат фаворити, но најголемите изненадувања се случуваат токму во ова натпреварување. Нема да биде првпат екипа од понизок ранг да елиминира екипа од поквалитетните англиски првенства. Ниту КПР ниту Портсмут не се во добра форма, што значи победа за кој било тим ќе биде добро за кревање на самодовербата.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.55)

 

Трабзонспор – Умранијеспор (18:30 часот)

Умранијеспор го приреди најголемото изненадување во Турскиот куп елиминирајќи го гигантот Фенербахч, и тоа со две минимални победи од 1-0. Сега пред нив е нов предизвик, играат против Трабзонспор, екипа која се надева на што подобар пласман во купот, односно посакува да игра полуфинале.

Никогаш претходно овие две екипи не се сретнале, денес ќе се пресметаат за првпат. Второлигашот со нијанса подобра форма ќе брка ново изненадување, но Трабзон е голем фаворит на хартија и ќе мора да го оправда тој статус.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.12)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести