Досаден меч без голови меѓу Уругвај и Јужна Кореја, италијанскиот коментатор брзо ги реши сите дилеми и е хит (Видео)

Уругвај и Јужна Кореја одиграа досаден премиерен меч за двете селекции на Мундијалот во Катар што заврши без голови.

Статистиката на крајот на мечот покажа нули и во категоријата директни удари кон голот на двајцата голмани, иако Уругвајците погодија статива во финишот на првото полувреме и потоа уште еднаш и во финишот на мечот, а две полушанси имаше Јужна Кореја во вториот дел.

Ако речиси и да немаше возбудувања на теренот, тогаш вистински хит беше италијанскиот коментатор со начинот на кој ги прочита незгодните презимиња на играчите на Јужна Кореја.

„Ким, Ким, Ким, Ким, Ким, Јунг, Хванг, На, Сон, Ли, Хванг“, во еден здив ги прочита Корејците, италијанскиот коментатор во најавата на мечот.

Како изгледаше „рециталот“ на коменаторот од Италија можете да погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести