Досега необјавено видео, како реагирал Ѓоковиќ кога го добил првиот рекет

Новак Ѓоковиќ како најдобар тенисер во светот ја дочека пандемијата од Коронавирусот. Српскиот тенисер беше во одлична форма и немаше ниту еден пораз во 2020 година, но поради опасниот вирус, стопирана беше неговата серија. Со игрите во последниве 10-тина години, Ѓоковиќ си обезбеди место меѓу најдобрите тенисери во историјата.

Ноле уште како четиригодишно дете прв пат се сретнал со тенисот, кога и го добил првиот рекет. Српскиот Телеграф, објави снимка од тоа како реагирал Ѓоковиќ кога го добил првиот рекет во животот.

- Оглас -

Најнови вести