Доста беше: По 11 месеци, Шалке вечерва победува, а коефициентот за тоа е одличен!

Дека во обложувањето нема ништо сигурно, се потврди на синоќешниот дуел во Манчестер меѓу Сити и Вест Бромич албион. Домаќините имаа низа од 14 победи по ред против ВБА, но таа традиција беше сопрена. ВБА успеа да издржи на гостувањето и одигра 1:1, што беше најголемо изненадување на вечерта во фудбалска Европа.

Денеска во Топ 5 лигите во Европа се играат речиси 30 интересни мечеви, а посебно внимание привлекува дуелот кој ќе биде во Гелзенкирхен, меѓу Шалке и Фрајбург. Ова е меч на две екипи кои главна цел сезонава ќе им биде да не испаднат. Фрајбург има две победи, пет нерешени и четири порази, додека Шалке е единствен тим без триумф во Бундеслигата.

Оваа црна серија на Шалке не трае само 11 натпревари, колку што се одиграни во ова првенство, туку е речиси цела година. Неверојатни 27 првенствени дуели Шалке нема победа во Бундеслигата. Последен пат Шалке се има израдувано на триумф на 27 јануари, кога во Гелзенкирхен беше победен Баер Леверкузен, што значи дека поминаа неверојатни 11 месеци без победа на седумкратниот германски првак.

Во претходното коло, Шалке гостуваше кај Аугсбург и имаше водство од 2:1 до 93-тата минута, но домаќините буквално во последниот напад постигнаа гол за израмнување и остана агонијата за тимот од Гелзенкирхен. Шалке вечерва за противник го има Фрајбург, тим кој на четири од последните пет гостувања одиграл нерешено на „Ауф Шалке арената“.

Фактот дека и Фрајбург игра слабо, треба да биде дополнителен поттик за играчите на Шалке конечно да ја прекинат неверојатната серија и да се израдуваат на победа во Бундеслигата. За коефициент 3,05 во Sport Life дефинитивно вреди да се одигра „кец“!

 

- Оглас -

Најнови вести