Доста молчеше: Ѓоковиќ распали по сите оние кои го критикуваат

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми ја доби битката со корона-вирусот, но е цел на напади кај голем дел од светската јавност поради неговата одлука да организира тениски турнири во ек на пандемијата. Српскиот тенисер беше главен организатор на Адрија турнирите кои се играа во Белград и Задар, а на кои не се почитуваа здравствение протоколи дадени поради опасниот вирус.

Токму на турнирот во Задар се појави и корона-вирусот меѓу тенисерите, откако најпрво Григор Димитров обелодени дека е заразен, а по масовното тестирање, уште неколку тенисери, тренери и челнови од нивните тимови беа позитивни. Меѓу оние кои „закачија“ корона-вирус беше и Ѓоковиќ, кој освен да се бори со опасниот вирус, мораше да се бори и со негативните реакции кои секојдневно беа упатувани на негова адреса.

Ѓоковиќ реши да прозбори, велејќи дека како да се постои некоја агенда за да има постојани напади врз него. Тенисерот кој немаше ниту еден пораз во 2020 година до појавувањето на корона-вирусот, ги најави и плановите за остатокот од сезоната.

„Во последно време гледам и слушам само критики, многу злонамерни. Очигледно дека постои нешто повеќе од тие критики, како да постои некоја агенда, како да е лов на вештерки. Мора некоја личност да падне, некое големо име да биде главен виновник за сè. Уште не знам дали ќе играм на Отвореното првенство на САД. Во Вашингтон сигурно нема да играм, а во план ми е да настапам на Синсинати. Засега сигурно е дека ќе играм на Ролан Гарос, а во план ми е настап и во Рим и Мадрид. Новиот начин на бодување е коректен“, рече Ѓоковиќ за српскиот „Спортски журнал“.

- Оглас -

Најнови вести