Доста се мачеше во Реал, во новата сезона ќе игра во Премиер лигата

Кога во 2014 година пристигна во Реал Мадрид, Џејмс Родригес беше најавуван како голема ѕвезда. Сепак, колумбискиот репрезентативец не ги исполни очекувањата и секоја година играше сè помалку и помалку. Во 2017 година беше даден две години на позајмица во Баерн Минхен, а кога се врати во Реал, одигра само осум меча во првенството, што беше најава дека треба да си оди од „Сантијаго Бернабеу“.

Родригес во новата сезона ќе игра во Премиер лигата и тоа во тимот на Евертон. Офанзивниот играч за врска веќе е во Англија и треба да ги помине лекарските прегледи, па се чека само официјална промоција на „Гудисон парк“. За заминувањето на Џејмс од Мадрид, Реал треба да инкасира меѓу 25 и 30 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести