Довициозо најбрз на првиот тренинг на омилената патека на Маркес

Андреа Довициозо ги одблежа првите тренинзи во пресрет на втората трка во МотоГП сезоната, каде во недела ќе се бие битка за Големата награда на Аргентина. Иако актуелниот светски владетел Марк Маркес извозе најбрз круг на слободниот тренинг со време од 1.39,827, сепак Италијанецот беше тој кој го постави најбрзото време за денес, со 1.39,181, што значи дека во прашање биле стотинки.

Откако Гран при-то во Аргентина во 2014 година се приклучи на МотоГП шампионатот, Маркес во два наврати бил победник.

Што се однесува за Маркес, тој првиот тренинг го заврши како осми најбрз возач, додека топ 3 комплетираа Џек Милер и Маверик Вињалес од Јамаха.

За утре се предвидени квалификациите, првите започнуваат во 18:05 часот, вторите се половина час подоцна, додека трката ќе се одржи во недела во точно 19 часот.

На првата овосезонска трка која се одржа во Катар, Довициозо го победи Маркес откако го престигна во последниот свиок во последниот круг.

- Оглас -

Најнови вести