Екстремно силен дожд врне во Барселона, а дополнителен проблем прави и силниот ветер, но сепак нема одложување на средбата помеѓу Барса и Валенсија, која треба да почне во 21 часот на Олимпискиот стадион „Монжуик“.
Се очекува рекородно слаба посета за еден домашен меч на Барселона сезонава.
Дренажата на теренот е одлична, теренот не е поплавен, па Каталонците и Лилјаците ќе имаат прилично нормални услови за игра.
Поголем проблем ќе имаат новинарите. Има навлезено вода во новинарската ложа и таму нема услови за работа.
Погледнете со какви проблеми се соочуваат новинарите кои треба да известуваат од стадионот во Барселона:
https://twitter.com/i/status/1785002198809641121

