Дождот во Истанбул може да го одложи мечот Галатасарај – Манчестер јунајтед?

Дуелот од петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите меѓу Галатасарај и Манчестер јунајтед би можело да биде одложен.

Мечот е закажан за 18.45 часот, но делегатот на мечот кој е во постојана консултација со УЕФА и претставници на домашниот тим сè уште размислува дали да го одложи натпреварот бидејќи теренот на стадионот „Рамс парк“ е поплавен од дожд кој во Истанбул врне од синоќа.

 

Според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа дека на одредени делови од теренот не може да се игра, односно топката не отскокнува.

Според турските медиуми, луѓето задолжени за одржување на стадионот работат под полна пареа да го оспособат теренот за мечот, а конечната одлука ќе ја донесе делегатот.

- Оглас -

Најнови вести