Полноќна бомба од Флорентино Перес: Реал Мадрид ќе испрати понуда од 150 милиони евра за еден играч

Актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, вечерва објави дека Реал Мадрид следната недела ќе испрати понуда вредна 150 милиони евра, но не го откри името на играчот. Првиот човек на Кралевите вечерва имаше уште едно интересно појавување во шпанските медиуми. Тој го најави доаѓањето на Жозе Мурињо, Ибрахим Конате и Дензел Дамфрис, што веќе беше познато, но најави и вистинска трансфер бомба.

„Ги имам потпишано Конате, Мурињо и Дамфрис“, рече претседателот на кралскиот клуб, а потоа ја откри ексклузивата „Ќе испратам понуда од 150 милиони евра за играчот во наредните денови. Ќе го направиме тоа во вторник и ќе се обидам да го потпишам најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид.“

Кога го прашаа дали тој играч е Михаел Олисе од Баерн, одговорот беше не.

„Понудата од 150 милиони не е за Мајкл Олисе. Одличен играч, но не и тој. Ниту Ерлинг Халанд, ниту Хари Кејн“, беа зборовите на првиот човек на кралскиот клуб, а потоа даде одредени насоки. „Тој не е играч од Премиер лигата, играл во Лигата на шампионите, е на ниво на „Галактикос“, играч од средниот ред е.“

Веднаш на сите им стана јасно дека веројатно станува збор за Витиња или Жоао Невес од ПСЖ. Витиња е долгогодишна желба на „Кралевите“ и е сериозна опција, но сè укажува и на Невес.

Тој ги отфрли тврдењата на неговиот ривал Енрике Рикелме дека ќе го доведе Ерлинг Халанд кога ќе го отпушти Перез.

„Договор со Халанд? Сите веќе рекоа дека нема ништо во тоа. Агентот на Халанд, таткото, клубот, сите. Сè е блеф“, вели Перез.

- Оглас -

Најнови вести