Србите се посрамотија втор пат за пет дена, примија пет гола од Мексико

Фудбалската репрезентација на Мексико убедливо со 5:1 славеше над Србија во контролен меч кој се одигра во Толука. Со овој триумф, еден од домаќините на Светското првенство кое започнува за шест дена, покажа дека е подготвен за големиот предизвик.

Од друга страна, Србија која нема да биде дел од Мундијалот, втор пат за само пет дена доживеа катастрофа. Најпрво Србите загубија со 3:0 од Зеленортски острови кои истотака ќе играат на планетарниот собир, а сега со „петарда“ се враќаат по мечот со Мексико.

Факт е дека Србија играше во ослабен состав бидејќи селекторот Вељко Пауновиќ ги немаше најголемите ѕвезди во составот, но едноставно премногу убедливи се двата порази од Зеленортски острови и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести