Дозна дека ќе добие отказ, па се појави во рибарска опрема (фото)

Германскиот стратег Маркус Кеј со единствен начин на протест покажа колку е лут на управата на германкиот петтолигаш ТВ Јан Хисфелд. Во пресрет на последниот натпревар од сезоната,тие му соопштиле на Кеј дека од следната сезона нема да биде на кормилото, па тој одлучи на тој меч да се појави во рибарска униформа со цела опрема.

Кеј така покажа дека и предвреме е подготвен за одморот и воедно дека е лут на начинот на којшто му соопштиле дека ќе биде отпуштен. Неговата екипа загуби со големи 0-5 против ТСВ Мирбуш, а ниту тој, ниту останатите тренери од стручниот штаб не се помдрнаа од своето место во текот на натпреварот.

На клупата за резерви седеле само петмина фудбалери, но на ниту еден од нив не им била дадена инструкција да се загреваат или пак да се обидат да придонесат за својот тим при влегувањето во игра.

„По поразот во претходното коло со 2-1 против СЦ Велберт, претседателот Хилсеман преку СМС порака ми кажа дека нема да бидам тренер следната сезона. За мене тоа не е човечки начин да му се соопштат некому вакви вести, па јас одлучив да му покажам дека воопшто не ми е грижа за неговата одлука, иако бескрајно се трудев да го водам овој тим кон успеси“, истакна Кеј за германските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести