Драгиќ со низок удар за Дивац: Тој што не го драфтуваше Дончиќ, не се разбира од кошарка

Словенечкиот кошаркар, Горан Драгиќ, кој ја игра својата 14-та сезона во НБА лигата, овојпат како член на Торонто репторс, даде интервју во кое меѓу редови го искритикува славниот Владе Дивац, кој како генерален менаџер на Сакраменто кингс, испушти прилика да го драфтува Лука Дончиќ, и наместо него, го зеде Марвин Бегли.

Наместо во Кингс, Дончиќ во 2018 година како трети пик заврши во Далас маверикс, и веќе е еден од најдобрите играчи во НБА. Дончиќ сезонава е меѓу најсериозните кандидати за наградата најкорисен играч во лигата.

„Луѓе кои го испуштија Лука на драфтот, не се разбираат во кошарка. Јас Лука го знам од неговата петта година. Во супер односи сум со него и неговото семејство. Тој е чист природен талент кој не се гледа често“ – вели Драгиќ.

- Оглас -

Најнови вести