Драгон незгодно слета – Брејдаблик ги декласира македонските шампионки со 11:0

Исланските шампионки од тимот на Брејдаблик славеа многу убедлива победа од 11:0 против Драгон во второто квалификациско коло во групи за нстап во Лигата на шампионите.

Берлинг Бјорг Торвалдсдотир беше расположена за голови, постигна 4 за дебакл на македонскиот првак. Поразот од 0:11 е тежок, но не е и највисок за Драгон.

По првото полувреме Исланѓанките имаа предност од 4:0, а вистински потоп се случи во продолжението на мечот кога беа постигнати уште 7 голови, сите во мрежата на Драгон.

Ова е втор пораз за македонскиот првак, откако и Сараево ги победи со 5:0, па Драгон е последен на табелата без бодови и со гол-разлика 0:16.

Последниот меч им е против израелскиот тим АСА од Тел Авив, екипа која има пораз од стартното коло, со 1:4 од Брејдаблик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести