Драма на прес: Шпански новинар не сакаше да го изговори името на Косово (видео)

Шпанија вечерва на Олимпискиот стадион во Севилја ќе ја пречека селекцијата на Косово, а во пресрет на овој натпревар се случуваше драма на прес-конференцијата на селекторот на гостите, Бернард Шаланде.

Имено, еден од шпанските новинари избегнуваше да го изговори името на косовската репрезентацијата, по што преведувачот беше упорен да го натера новинарот да каже „Косово“, па на крајот успеа во намерата.

„За чиј тренер е прашањето? Тренерот на…? Кажете го името на репрезентацијата, забележав дека ниту еден шпански медиум не се осмели да напише Косово во своите вести“, прокоментира преведувачот.

Секако, ваквиот однос на новинарот е заднина на тоа што шпанската влада не го признава Косово како самостојна држава.

Press secretary insists that the Spanish media say the name of Kosovo’s national team from soccer

- Оглас -

Најнови вести