Луис Суарес постигна гол што може да значи и титула за Атлетико Мадрид, тим што направи чудесен пресврт во финишот против Осасуна и остана лидер на табелата во Ла Лига пред дуелите од последното коло идниот викенд.
Анте Будимир погоди за 0:1 во 76-тата минута, но Јорганџиите не дозволија изненадување и победија со головите на Лоди и на Суарес. Првиот гол го дадоа во 82-рата минута, па Уругваецот направи комплетен пресврт со победнички погодок во 88-мата минута.
https://twitter.com/WDSportz_/status/1393995977757974536?s=20
На Атлетико му треба победа против Валјадолид на „Зорилја“ во последното коло за да биде првак на Шпанија.
https://twitter.com/IFAST90/status/1393991942996905995?s=20
Реал победи во Билбао против Атлетик со 1:0 со погодокот на Начо во 68-мата минута, но остана на второто место со два бода помалку од градскиот ривал и зависи од резултатот во Валјадолид во последното коло. Реал ќе игра со Вилјареал на домашен терен и ќе чека кикс на Атлетико на „Зорилја“ за да биде шампион.
Од трката за пехарот испадна Барселона, по поразот вечерва од Селта Виго со 1:2 на „Камп ноу“. Од Првата шпанска лига веќе испадна Еибар по поразот од Валенсија вечерва со 4:1.
Резултати: Атлетик Билбао – Реал Мадрид 0:1, Атлетико – Осасуна 2:1, Барселона – Селта 1:2, Валенсија – Еибар 4:1, Алавес – Гранада 4:2, Кадис – Елче 1:3, Бетис – Уеска 1:0, Реал Сосиедад – Валјадолид 4:1, Вилјареал – Севилја 4:0, Хетафе – Леванте 2:1.