Драма во Израел: играчите среде меч легнаа на земја кога ги слушнаа сирените за ракетирање (Видео)

Воениот судир помеѓу Израелците и Палестинците кој изби пред неколку дена предизвика несигурност и паника меѓу присутните на еден кошаркарски натпревар од втората израелска лига и тоа беше снимено.

Сирените за ракетен напад се огласија и во градови кои не беа бомбардирани, така беше и во Раанана, град кој е северно од Тел Авив, но според протоколите, на мечот помеѓу локалниот Макаби и Кирјат Моцкин сите играчи и публиката се сокрија и легнаа на земја. Спикерот во салата објави дека почнал ракетен напад и почна непријатната сцена.

Веројатно за странските играчи шокот беше огромен и ова можеби им се случува првпат. Погледнете што се случи:

- Оглас -

Најнови вести