Драма во ракометната ЛШ: Веспрем и Кјелце одиграа реми, патникот на фајнлфорот ќе се одлучува во Полска

Екипите на Веспрем и Кјелце одиграа нерешено, 29-29, на првиот четвртфинален натпревар од ракометната Лига на шампиони. Унгарската екипа како голем фаворит влезе во дуелот против Кјелце, но на теренот гледавме друга слика.

Екипата од Полска имаше предност од 13-16 на полувремето, најавувајќи дека на Веспрем нема да му биде лесно во овој двобој. Во второто полувреме домашните се обидоа да направат пресврт, беа блиску до тоа, но на крајот мечот сепак заврши нерешено иако и Кјелце можеше многу лесно да дојде до победата.

Патникот на фајнлфор-турнирот во Келн ќе биде познат откако ќе се одигра реванш дуелот следната среда на теренот на Кјелце.

Елдера од Веспрем и Душебаев од Кјелце беа најефикасни на мечот со по 6 гола.

- Оглас -

Најнови вести