Драмата во Белград за Валенсија

Белгискиот репрезентативец Ван Росом ја разреши драмата во Белград во корист на Валенсија, екипата која ја победи Црвена ѕвезда со 82:81 во неизвесна завршница.

Џое Регленд на помалку од 30 секунди погоди за предност на домаќините, но Ван Росом беше неумолив и им остави на домаќините само три секунди за спас.

„Црвено-белите“ не успеаја да постигнат кош и да победат, па се на работ на елиминација во Еврокупот.

Бојан Дубљевиќ со 24 поени беше најрасположен во составот на гостите од Шпанија, а прв стрелец на мечот беше кошаркарот на Црвена ѕвезда, Стратос Перпероглу со 26 поени.

- Оглас -

Најнови вести