Драмата во Келн без победник: Австрија имаше +5, но 11 минути не даде гол и мораше да се задоволи со бод

Репрезентацијата на Австрија може да жали, бидејќи на 15-тина минути пред крајот од мечот имаше водство од пет голови против домаќинот на Европското ракометно првенство, Германија, но на крајот не успеа да победи. Мечот во Келн заврши нерешено, 22-22, откако австријците дури 11 минути не постигнаа гол, а Германија на крајот имаше и напад за победа.

Домаќинот и не заслужи да победи, бидејќи само двапати водеше и тоа на почетокот од мечот со 3-2 и 4-3, а Австрија уште во првото полувреме дојде до +4, но на паузата се замина со минимални 13-12 за австријците.

Одличната игра на Австрија продолжи и во второто полувреме, највисоките +5 ги имаа на 15-тина минути до крајот, 21-16, но германците поддржани од домашната публика и полната сала како да добија крилја, но не доволно за да направат комплетен пресврт.

Во групата „1“ од втората фаза, во водство е Франција со шест поени, пред Унгарија и Австрија кои имаат по четири, Германија има три, со теоретски шанси за полуфинале е и Хрватска со еден бод и последен е Исланд без поени.

- Оглас -

Најнови вести