Драмата во Мадрид продолжува, Дортмунд веќе е во четвртфиналето (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид направија херојски пресврт и дојдоа до минимална победа од 2-1 над Интер, со што на „Ванда Метрополитано“ ќе се игра најмалку уште 30 минути.

Интер имаше предност од 1-0 од првиот натпревар, а вечерва преку Димарко и поведе. Сепак, фудбалерите на Атлетико Мадрид не се откажаа, па најпрво преку Гризман израмнија уште во првото полувреме, а Мемфис Депај во 87-мата минута донесе победа и продолженија.

Екипата на Борусија Дортмунд е претпоследниот четвртфиналист на Лигата на шампионите откако на домашен терен со 2-0 победи против ПСВ Ајдохевен. Првиот меч во Холандија заврши нерешено, 1-1, а вечерва головите вредни пласман помеѓу осумте најдобри екипи во Европа беа дело на Џејдон Санчо уште во третата минута и на Марко Ројс во 95-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести