Драмата во Синсинати со среќен крај за Американците, САД преку пенал-рулетот до полуфиналето на Голд купот (Видео)

Селекциите на САД и на Јамајка им се приклучија на Мексико и Панама во полуфиналето на Голд купот. Фудбалерите на САД во последното четвртфинале беа подобри од Канада по подобро изведување на пеналите откако по 120 минути игра беше 2:2.

Селекцијата на САД која важеше за фаворит, поведе во 88-мата минута со голот на Брендон Васкес, со што предизвика еуфорија на трибините на стадионот во Синсинати. Кога сите навивачи на стадионот помислија дека САД ќе слави, Канада со голот од пенал на Виторија во 93-тата минута го однесе мечот во продолженијата.

Во нив, Канаѓаните поведоа, и тоа во 109-тата минута, кога Шефелбург погоди за 0:1, но само пет минути подоцна САД дојде до израмнување, и тоа благодарение на автоголот на Кенеди.

Во пенал-рулетот, фудбалерите на САД беа подобри, Кауел, Бусио и Фереира го совладаа голманот на Канада, Дејн Сент Клер. Канаѓаните пак реализираа само два од петте пенали.

Јамајка благодарение на голот на Амари Бел во 51-вата минута, ја победи Гватемала.
Во полуфиналето ќе играаст САД – Панама и Мексико – Јамајка.

- Оглас -

Најнови вести